(ВИДЕО) Каевски: СДСМ поднесува законски измени за продолжување на важноста на возачките, сообраќајните и осигурителните полиси

Од:

Пратеничката група на СДСМ ќе поднесе предлог за законски измени со кои возачките дозволи, сообраќајните дозволи, осигурителните полиси и сообраќајните книшки ќе им биде продолжена важноста. Со измени на законите граѓаните и понатаму да може да ги користат на територијата на државата. Во меѓувреме граѓаните не смее да се казнуваат, никој не смее да биде казнет за учество во сообраќајот, изјави Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ.

– Ова е соодветно решение, возачките се за домашна употреба и мора да важат и понатаму. За овие законски решенија очекуваме поддршка од сите пратенички групи во македонското Собрание. Наместо да се шири паника меѓу граѓаните и со неодложно однесување на министрите на ДПМНЕ во техничката Влада да се создава дополнителен хаос, сите политички партии да го поддржат овој предлог – рече Каевски.

Би можело да ве интересира

МВР повторно ги повика граѓаните да ги замената возачките дозволи, крајниот рок е крајот на декември

ДУИ: ВМРО го принуди Влен да го поддржи Законот за бранители

Краен рок за промена на возачките дозволи со старото уставно име е 31 декември 2024

Горан Наумовски

Влада: Нема веќе турканици за вадење пасоши и лични документи

Тошковски: Старите возачки дозволи ќе важат до крајот на годинава, апелирам граѓаните да ги променат

Горан Наумовски

Мицкоски: Издавањето на патните исправи и личните документи е под контрола