(ВИДЕО) Каевски: Наместо проекти и решенија, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ги задолжуваат општините

Од:

Масовна партизација, поскапи услуги за граѓаните и задолжување на општините, тоа е учинокот на градоначалницитена ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски за првите 16 месеци власт. Наместо проекти и решенија за развој, градоначалниците и советничките групи од ВМРО-ДПМНЕ ги задолжуваат општините кои важат за едни од најбогатите и финансиски најстабилните, изјави денес Дарко Каевски, портпарол на СДСМ и пратеник.

– Градоначалникот на Гази Баба со обврзница од пет милиони евра ја задолжи општината без при тоа да биде наведено на кој рок ќе биде издадена обврзницата, без да биде наведено колкава е каматната стапка. Тој пример го следи и градоначалникот на општина Бутел, кој ќе издаде обврзница во вредност од два милиони евра или неверојатни 55 отсто од годишниот буџет на општината.

Претходно постапка за издавање обврзница издаде и општина Аеродром предводена од Тимчо Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ, а обид за издавање имаше и општина Штип. Освен што овие обврзници се издаваат во период кога каматните стапки се значително високи, заедничко за сите обврзници е што тие ќе можат да бидат откупени од било кој приватен субјект.

Со тоа се создава опасност, обврзниците да бидат купени од големи градежни компании и крупниот бизнис и потоа да можат да влијаат врз работата на градоначалниците, при носењето урбанистички планови или одредени тендерски постапки. Ваквото масовно задолжување, лично го најави шпицниот градоначалник Мицкоски.

16 месеци изминаа, а градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ не сработеа ништо. Потрошија милиони за партиски вработувања, за набавка на скапи мобилни телефони и компјутери, се испокараа за провизии и тендери, а интересите на граѓаните се целосно игнорирани. Локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ е најнеспособната и најнеуспешна локална власт досега – рече Каевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ги заборавија граѓаните, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ немаат ниту еден проект

Ана Ололовска

Кузеска: Во над 40 општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ речиси и да нема ниту еден капитален проект

Ана Ололовска

СДСМ: Скопје е во хаос, ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска не работат ништо

Ана Ололовска

СДСМ: После сите скандали Милошоски да си даде оставка

СДСМ: Во заложништво на Апасиев, Мицкоски делува како анти-НАТО и анти-ЕУ политичар

ВМРО-ДПМНЕ: Со СДС и ДУИ косење трева 1,5 милиони евра поскапо од лани