(ВИДЕО) Јолевски: Не може да се предвиди колку бегалци ќе пристигнат во Македонија

Од:

Министерот за одбрана Зоран Јолевски кој беше во посета на прифатниот центар во изградба, рече дека се примаат бегалците во неколку групи, тука добиваат потврди и потоа можат да продолжат на железничката пруга па кон дестинациите на север.

-Владата на Република Македонија прави се што може да ги прифати колку што имаме средства на располагање и се надевам дека ќе се направи заедничка стратегија за цела Европа. Поголем дел од овие мигранти доаѓаат од Грција. Од утрово се стигнати околу 450 мигранти и ќе продолжиме да помагаме преку армијата.

Наша механизација е овде вклучена во изградба на овој прифатен центар. Овој прифатен центар ќе се полни со тие што доаѓаат, тој е краткорочен. Вчера стигнаа околу 4000 мигранти тоа е некој максимален капацитет што го има овој центар, рече Јолевски.

Според Јолевски не може да се предвиди колкав бран бегалци ќе доаѓа накај Македонија, зашто голем де од нив доаѓаат со бродови доГрција, а потоа се транспортираат од грчка страна по копното до македонската граница.

Би можело да ве интересира

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море