ВИДЕО: Јавноста неудостоена со изјава по петчасовната средба на работните групи

Од:

Пет часа траеше денешната средба на работните групи од четирите политички партии по паузата од две недели. Средбата се одржа во Клубот на пратеници и почна нешто после еден часот за да заврши без никакви информации за медиумите.

Во разговорите посредуваше белгискиот експерт Питер Ван Хојт, задолжен за изборната регулатива, поради што изгледа дека не се затворени прашањата поврзани со изборите.

СДСМ беше претставувана од Дамјан Манчевски и Цветанка Ивановска, ВМРО-ДПМНЕ од Никола Тодоров, ДУИ од Муса Џафери, а ДПА од Имер Алиу и Беким Фазлиу.

– Знаеш дека ништо нема да ти кажам – им рече Алиу на новинарите кои прашуваа дали има напредок додека тој си заминуваше од Клубот на пратеници.

Хојт излезе низ капијата без коментар. Според неофицијални информации постигнат е напредок околу прочистувањето на избирачиот список и околу надлежностите на ДИК.

Преговорите продолжуваат наредниве денови и на маса се се уште прашањата за избирачкиот список, составот на ДИК, регистрацијата на гласачите и гласањето на дијаспората.

Паралелно се одвиваат разговори за специјалниот обвинител кој треба да се избере до 15-ти септември.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Апасиев нема да оди на лидерска: Ден на жалост заради двојното убиство, не средба за датум за избори

А1он

(ВИДЕО) Рокот за договор помеѓу Владата и ВМРО-ДПМНЕ е до првото гласање за отворање на Уставот

A1on

Започна лидерската средба помеѓу Ковачевски и Мицкоски

Ана Ололовска

Средба на Ковачевски и Мицкоски за уставните измени

Ана Ололовска

Следната недела средба меѓу Ковачевски и Мицкоски

Ана Ололовска

Мицкоски за евентуална лидерска: Премиерот да биде свесен за времето, непоминувањето на измените, ќе значи пад на владата

Ана Ололовска