Државниот завод за ревизија не успеал да ја прочешла работата на Основото јавно обвинителство откако не почетокот не месецот била прекината работата на ревизорите, тврди поранешниот генерал и лидер на „Достосинство“, Стојанче Ангелов, кој се повикува на сопствени извори во Јавното обвинителство.
Тој денеска пред ОЈО изјави дека на почетокто на месецот инспектори на ДЗР го посетиле обвинителството на однапред договорена и закажана ревизија, но дека ревизијата не биле извршена.
– Внатре има толку многу неправилности, толку многу криминал, се обидувале да го фризираат извештајот но не можеле поради што ревизијата е одложена на неодредено време – изјави тој.
Маја Васева