(ВИДЕО) Јаулески: За студентите е луксуз топла вода и парно греење

Од:

„Зоран Заев и Радмила Шекеринска не се тушираат со студена вода во нивните луксузни купатила. Тие и нивните блиски уживаат на јахти и мотори, а за студентите е луксуз да добијат топла вода. Ветуваа студентски градови и подигнување на студентскиот стандард, а ги вратија студентите 15 години назад.

Студентите во студентските домови повеќе од две недели се оставени без топла вода и парно греење. Власта не работи за младите, власта работи против младите“, рече пред Студентскиот дом „Стив Наумов“, Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ.

„Студентите во студентските домови не можат да ги остварат основните потреби. Тие со недели немаа ниту топла вода, ниту греење, а температурите се се пониски. Студентите живеат во субстандардни услови. Иако редовно ги плаќаат обврските кон државата, обврските за домување, добиваат ризик по нивното здравје.

Исто и храната во студентските домови не ги задоволува санитарите и калориските стандарди. Во неа редовно можат да се најдат бубачки, отпушоци и игли! Вака се хранат идните академски граѓани кои треба одново да ја градат државата која што СДСМ ја уништува!

Ваквата состојба во студентските домови е резултат на негрижата и неспособноста на актуелната власт на СДСМ. Реализацијата на капитални инвестиции изнесува очајни 27 проценти нема нови проекти за младите, стопирана е реконструкцијата на студентските домови.

Нема ништо ниту од ветувањата за изградба на студентските градови.
Ветувањето за младинска гаранција исто така остана уште една шарена лага на власта, а СДСМ дополнително скрати милиони евра со ребалансот на буџетот наменети за изградба на основни и средни училишта, превод на книги од светски реномирани автори и други проекти во интерес на младите.

ВМРО-ДПМНЕ знае што им треба на младите, а во новата програма на партијата тие ќе биде врвен приоритет. На Македонија и требаат младите кои одново ќе треба да ја изградат државата од пустошот кој го оставија Заев и СДСМ!“, изјави Јаулески.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шукова: Скопје без хартија дигитален град за сите

Уште колку луѓе треба да настрадаат за Панче Тошковски да почувствува одговорност, прашуваат од СДСМ

Горан Наумовски

Костадинов: Барам поддршка за нов мандат за продолжување на развојот и инвестициите во Валандово

Горан Наумовски

Инфлацијата беснее а Владата на Мицкоски без никакви мерки прави статистички спинови, велат од СДСМ

(ВИДЕО) Филипче: Кога нема резултати власта посегнува по црни кампањи, никако да разберат дека се прочитани

Горан Наумовски

Тошковски до СДСМ: Толку ли многу ви смета што покренавме кривични постапки против корумпирани судии и обвинители?