(ВИДЕО) Јанушев: Знаеме дека власта на СДСМ ќе направи се за дијаспората да не гласа

Од:

„Денес, 11-ти март е последен ден за пријавување на гласачи во дијаспората на Македонија за гласање на претстојните предвремени избори. Денес е шансата на граѓаните на Република Македонија ширум светот да го искажат својот став и да го казнат Зоран Заев и неговите погубни политики“, рече на прес-конференција, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

„Ги повикуваме сите оние кои што досега не се пријавиле за остварување на своето гласачко право во дипломатските и конзуларни претставништва на Македонија ширум светот да го направат тоа, бидејќи само така ќе се спротивстават на поразите и неуспесите кои Заев и неговата власт и ги направија на нашата татковина.

Знаеме дека власта на СДСМ ќе направи се, дијаспората да не гласа, исто како што знаеме дека нашите државјани во странство живеат за Македонија и тие се нераскинлив дел од нејзиниот општествен, економски и политички живот. Нивниот голем интерес за изборите на 12-ти април само може да го направи поубедлив поразот на Зоран Заев.

Заев ќе изгуби, но да го направиме неговиот пораз поголем. Македонската дијаспора има историска можност со својот глас да покаже дека, не само тука во Македонија, туку и секаде во светот, Заев и неговите штетни политики за Македонија се поразени и делегитимирани.

ВМРО-ДПМНЕ била и останува опцијата која што работи на националните и државни интереси. ВМРО-ДПМНЕ е опцијата која верува во дијаспората и се залага за уште посилно развивање на нејзините врски со матичната земја, бидејќи тоа е од заеднички интерес на сите. Нашиот успех на претстојните избори е подеднакво важен и за граѓаните тука во Македонија, но и за нашинците во Австралија, Америка и Европа. Нашата победа ќе биде голема, но да ја направиме историска и заедничка.

Ве повикувам масовно да се вклучите во изборниот процес за претстојните избори и денес да го најавите вашето гласање во дипломатско конзуларните претставништва и да бидете дел од победата за обновата на Македонија“, додаде генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Би можело да ве интересира

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема