(ВИДЕО) Јанушев: Заев заминува во историјата, а со него и сите криминогени навики

Од:

„Зоран Заев паѓа. По оставката на Зоран Заев на 3 јануари никогаш повеќе нема да дозволиме да ни се случи ваков арамулук, криминал, корупција и неправда на државата, на македонскиот народ и сите граѓани на Република Македонија.

Зоран Заев заминува во историјата, а со него заминуваат и сите криминоген навики на Заеви, на Шеќеринска, Анѓушев, Спасовски, Кирацовски, Ременски и останатите.

Зоран Заев е човек ко ј ја олљачка Република Македонија, кој безмилосно ги лажеше граѓаните. Никој повеќе не му верува и затоа тоне дури и на сопствените анкети што ги прави. Во очите на Зоран Заев му се гледа дека е дојден крајот на неговата неславна политичка кариера, му се гледа ставот и очајот во кој тоне“, рече Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

„Преку своите лаги успеа на момент да ги придобие симпатиите на јавноста, но тоа е веќе далечно минато.

Зоран Заев е најнепопуларниот политичар меѓу граѓаните. Сега веќе нема со што повеќе да ве лаже.

На 12 април ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата заедно со граѓаните ќе го зададат последниот удар на криминално рекетарската банда на власт на Зоран Заев и веднаш потоа ќе отпочне со Обнова на Македонија.

Не чека сите заедно многу работа и многу посветеност, за да ја реализираме визијата од програмата Обнова за Македонија, за да си ја вратиме државата на вистински колосек и да го постигнеме сето она што е изгубено изминатиот период додека СДСМ е на власт.

Имаме тим од стручни, чесни и посветени луѓе, имаме визија, програма и план. План за обнова на Македонија и веруваме дека сите заедно ќе го реализираме сето тоа.

Република Македонија ќе ја направиме економски силна држава, правната држава мора да завладее и секој кој што се огрешил пред законот и направил криминал да одговара за истиот.

Не смее криминалот да помине неказнето или да владеат двојните аршини. Остануваме посветени на ЕУ интеграциите, бидејќи тоа е единствениот пат на Република Македонија.

Можеме и мораме да ставиме крај на криминалот, корупцијата, скандалите, аферите и се останато што е против европските вредности за кои се залагаме. Граѓаните на Република Македонија не го заслужија ова зло што СДСМ им го нанесе.

Крајот на Заев и СДСМ има датум, тоа се 3 јануари и 12 април. Граѓаните не се плашат и граѓаните заедно со ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе ги отпишат Зоран Заев и СДСМ од политичкиот живот“, изјави Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ прифаќа надзорна и анкетна комисија за Кочани, но да бидат вклучени и другите трагедии

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Победата на ВРЕДИ е формална, се е благодарение на организираното гласање на ВМРО-ДПМНЕ, вели Адеми