(ВИДЕО) Јанушев: Заев не набавува фингерпринт терминали, сака да прави изборен фалсификат

Од:

Зоран Заев не сака договор за Изборниот закон, и намерно и свесно го одолговлекува спроведување на законот во делот на отисокот од прст, само и само за да има полнење на кутии и групно гласање. Ова е последица на тоа што и Заев знае дека на фер и демократски избори ќе доживее дебакл – рече на прес конференција Игор Јанушев.

„СДСМ е спремна да го крши и да не го спроведе Изборниот законик само за да може да спроведе изборен фалсификат. Изборниот законик кој лани пред изборите, во Февруари 2020тата година беше донесен акламативно од страна на партиите во Собранието е дециден и тој наложува задолжително користење на опрема за отчитување на отисоци од прсти и тоа од две причини: прво, за потврдување на идентитетот на гласачите, и второ, за утврдување дали гласачот веќе го има остварено гласачкото право„

Владата имаше повеќе од доволно време да набави фингерпринт терминали и ништо не може да биде изговор вели Јанушев.

„Она што го прави Заев е замајување на јавноста и купување на време за да пред избори со раката на срце рече „нема доволно време, ајде да одиме на избори без законската обврска за електронски отисок на прст“ или во превод почитувани граѓани Заев ќе ни каже „ајде на избори кои брутално ќе ги украдат без разлика на вашата волја“ – рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите