Истрагата за случајот „Странски служби“ ќе ја прошириме рече специјалната обвинителка Катица Јанева. „Јас лично бев изненадена од снимките по медиумите“ изјави обвинителката пред новинарите. „Секоја изјава е добредојдена“, изјави Јанева.
Таа не сакаше да открие дали станува збор за фирма од Израел од каде била набавувана опремата, бидејќи, како што рече, станува збор за класифицирани информации.
Во случајот „Странски служби“ осомничени се две лица за злоупотреба на службена положба и овластување – помошник министер и началник на оперативна техника на УБК во МВР. Во октомви и ноември 2014 година началникот добил наводен извештај од странска компанија дека детектирале нелегални активности на прислушување од двојни базни станици. „Тогаш со овој извештај требало да се потврди дека странски служби извршиле нелегално прислушување. Во декември 2014, по нарачаниот извештај, оваа компанија без процедура за јавни набавки, го доби тендерот за потребите на МВР.
На иницијатива на второосмничениот, началникот, на 16 декември е побарано да се спроведе постапка за јавна набавка, на 19 декември донесена е одлука за набавка и формирана комисија, која доби три понуди. За пет дена била средена целата работа, понудите биле рачно пополенти од едно исто лице и на 24 декември е донесена одлука за најповолна понуда. Истиот ден претставникот на странската компанија, кој бил во Скопје, го склучил договорот, а опремата била испорачана и инсталирана во мај 2015 година“, рече обвинителката Фатиме Фетаи.