(ВИДЕО) Јанчева: ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН го бранат криминалот на урбаната мафија во Чаир

Од:

Ако на некого сѐ уште не му беше јасна природата на коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН вчерашната седница на Советот на Град Скопје го покажа тоа во целост: тоа е коалиција на бизнис интереси и бранење на криминал, изјави Љубица Јанчева – советничка
на СДСМ во Град Скопје.

– Советниците на ВМРО-ДПМНЕ самите ја свикаа седницата, самите како точка на дневен ред предложија да се дискутира за дивоградбите во Скопје, но, кога сфатија дека на дневен ред ќе дојдат и скандалите во Чаир, панично ја повлекоа точката – бегајќи од вистината што ги демне.

Ваквото однесување е jaсна потврда, ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН се ставени во заштита на урбаната мафија која го загрозува Скопје и безбедноста на неговите граѓани. Колку пари вреди молкот на советниците пред незаконското градење? Што крие Мицкоски, и кого штити Панче Тошковски кога молчи за ова?

Скопје е заложник на урбана мафија која ја штити коалицијата на Мицкоски. Оваа коалиција ги продава јавните ресурси, ги загрозува урбанистичките стандарди и ги става животите на граѓаните во опасност. Колку пари се доволни за да се задоволат апетитите на Мицкоски, Ганиу и Меџити и да се престане со ставање на животите на граѓаните во опасност?

Бараме итна реакција на сите надлежни институции и целосно расчистување на скандалот со 150 дивоградби. Одговорност мора да има. Животите на скопјани се поважни од профитите на коалицијата на власт, рече Јанчева.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ДПМНЕ да каже каква е поврзаноста на фирмата од денешната бомба со Миле Јанакиески?

Горан Наумовски

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) СДСМ: Фирма со тројца вработени добила 1,2 милиони евра за два месеци

Јована Тренчевска и Александар Трајановски се избрани за потпретседатели на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ

Предраг Петровиќ