(ВИДЕО) Јанчева: Со поништувањето на јавниот оглас, Арсовска спречи вработување на 20 пожарникари во Град Скопје

Од:

„Данела Арсовска го поништи огласот со кој требаше да се вработат нови 20 пожарникари во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Овој однос на деструктивната Арсовска е против интересите на граѓаните на Град Скопје и на штета на Бригадата за противпожарна заштита“, рече Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје.

„Очигледен е недостигот од пожарникари во Град Скопје, дополнително, работните позиции се празнат и со редовното пензионирање, со што се зголемува потребата од нов млад кадар во Бригадата за противпожарна заштита.

Но очигледно тоа не и е важно на Арсовска, која заради лични каприци поништува јавен оглас кој беше на крајот од процедурите и со кој требаше да се вработат 20 нови пожарникари.

Во изминатите четири години Град Скопје, раководен од Петре Шилегов и СДСМ, сериозно инвестираше во унапредување на условите за работа на пожарникарите.

Платата на пожарникарите се покачи за 20 отсто, а се инвестираше во нова современа опрема за поголема заштита и поефикасна работа на пожарникарите.

Со ваквиот однос деструктивната Арсовска дејствува опасно кон Бригадата за противпожарна заштита и ја загрозува општата безбедност во Градот.

Арсовска уште еднаш го покажа своето режимско лице, работејќи исклучиво за лични и партиски интереси и против интересите на граѓаните на Скопје“, изјави Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ

СДСМ: Дилот ВМРО – ДУИ му донесе куќен притвор на Груби

Горан Наумовски

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ