(ВИДЕО) Јанчева: Шест месеци Данела Арсовска ги мина во неработење, не реализираше ниту еден проект, ниту едно ветување

Од:

Координаторката на советничката група на СДСМ и коалицијата во Град Скопје, Љубица Јанчева, вели дека градоначалничката Данела Арсовска за шест месеци не реализирала ниту еден проект.

„Градоначалничката од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска денеска не се појави на седницата на Советот на која требаше да поставуваме советнички прашања, иако беше уредно поканета.

Ваквиот однос потсетува на односот на ВМРО-ДПМНЕ од режимските времиња и јасно ја потврдува причината, а тоа е неработата на Арсовска.

Цели шест месеци од мандатот, Арсовска ги мина во неработење, не реализираше ниту еден проект па оттаму не е изненадување што Арсовска денеска не се појави пред советниците.

Половина година Данела Аросвска не реализираше ниту едно ветување дадено пред граѓаните.

Нема нови 250 автобуси, нема бесплатен јавен превоз, ги нема ниту ветените нови паркови, постојано никнуваат диви депонии кои не се чистат, а градот никогаш не бил повалкан.

Бројни важни проекти започнати од претходната градска администрација како што е Бас рапид транзит, мостовите во општините Аеродром и Карпош, улиците Есенинова и Васко Карангевски веќе одамна требаше да бидат завршени.

Но затоа Арсовска Градот Скопје и раководствата на јавните претпријатиа и установи и наполни со партиски кадри на ВМРО-ДПМНЕ.

Во време на глобална економска криза, наместо да понуди проекти за помош на граѓаните, таа три месеци го барала споменикот на Ќосето кој беше нелегално поставен од режимот на ВМРО-ДПМНЕ.

Колку Арсовска е способна да менаџира со Градот, најдобро говори фактот што за само шест месеци дури двајца директори на Јавни претпријатија си заминаа од функциите.

Граѓаните на дело ја гледаат неспособноста на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ. Затоа таа денеска не се појави пред советниците.

Со ваквото неработење, со ваквиот однос кон граѓаните и градот Арсовска се докажува како најнеуспешен градоначалник на Град Скопје“, вели Јанчева.

Би можело да ве интересира

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

Арсовска за кривичната пријава против УСЈЕ: Прашајте го Обвинителството зошто три години молчи

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Арсовска објави видео од британска телевизија : Македонија не смее да стане центар каде се населуваат, живеат и работат мигранти од опасни подрачја како Авганистан

Горан Наумовски

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он