(ВИДЕО) Јанакиески тврди дека не го оштетил буџетот со “Сончев град”: Нема пропуст, недостатоците беа отстранети

Од:

По три години судења, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески даде исказ пред судот за случајот “Топлик”. Тој негира дека го оштетил буџетот, како и дека намерно формирал втора комисија бидејќи претходната кажала дека не биле исполнети условите за јавно наддавање за изградба на резиденцијалната населба „Сончев град“ во Сопиште. Јанакиески негира дека имал контакт со членови од втората комисија, а ниту побарал да реализираат јавно наддавање со недостатоци.

“Ниту за ова ниту за останатите стотици барања за продажба на земјиште не сум доставил согласност, ниту Обвинителството достави доказ дека јас сум издал согласност. Никој, ниту јас ниту членовите на комисијата не можеле да знаат што ќе се случи во иднина односно цели четири години откако ќе заврши јавното наддавање. Бидејќи детално ги анализирав сите докази можам одговорно да тврдам, нема никаков пропуст. Министерството за транспорт и врски во однос на спогодбата истакнува дека се дава предлог записник само доколку не се нанесува штета на буџетот на РМ. На дискусијата во Влада и состаноците кај Владимир Пешевски, како тогашен потпретседател на Владата, можам да заклучам дека Владата немаше да даде соглсност ако Уставниот суд не дадеше укинување на ДУП за Сопиште. Доколку немаше таква одлука на судот, судските спорови ќе си продолжеа и граѓанскиот суд ќе одлучуваше дали постојат услови за раскинување на предметниот договор, како и каде постои вина””, кажа Јанакиески објаснувајќи ја целата постапка и зборувајќи за затезнага камата која јавниот обвинител Бурим Рустеми ја смета за штета на буџетот, а која настанала отпосле.

Тој посочи дека не се сеќава да сменил член на комисија без разлика дали се приватни или службени причини. Според него, промената на комисијата била поради болест на претседателката.

“Три години чекам на овој момент. Не може цела одговорност да биде на министерот, има хиерархија со соработници, заменици, раководители… Јас како министер кој го претставува Министерството во правниот промет, правам две работи: носам решение за формирање комисија и на крајот на постапката кога ќе добијам информации од комисијата дека е се во ред со постапката со предлог за склучување на договорот, го склучувам тој договор. Помеѓу тие две фази се активира претходната хиерархија на Министерството. За сите потпишани решенија, беа изготвувани од Сектор за нормативни и правни работи во соработка со државниот секретар, Сашо Срцев. За конкретното решение за формирање на комисија јас сум морал да ја потпишам и никој друг. Не дека сум сакал, туку сум морал врз основа на утрдбата. Државниот секретар е највисок државен службеник и тој е должен да обезбедува законито, ефикасно вршење на работите во Министерството, согласно позитивните законски прописи”, кажа Јанакиески.

По професија сум економист, не сум ги разбирал забелешките, бидејќи 7 месеци бев министер, рече Јанакиески за записникот од првата комисија. За записникот, според исказот, дознал од СЈО.

“За фамозмиот записник за кој се збореше долго овде, јас бев информиран од стручните служби, дека првата комисија, односно претседателот на комисија заедно со членовите побарале да бидат заменети со нови, што е наведено во записникот. Јас лично не сум го добил. Со што, во моментот на потпишување на записникот, претседателката била на боледување, а на записникот не е потпишана. За нормално да функционира на Министерството, од страна на стручните служби имало ново решение за комисија каде дел се членови од првата комисија, а има и нови членови. Работата на Комисијата е ад-хок. Односно тоа не се нивни работни обврски. Недостатоците од записникот беа отстранети. Оваа комисија не е формирана за ‘Сончев град’ туку за сите објави од 3.4 па натаму. На истиот датум имало формирана уште една комисија”, додаде Јанакиески.


Случајот “Топлик” е отворен во 2016 година од тогашното СЈО, а го застапува тогашниот специјален обвинител, сегашен виш обвинител Бурим Рустеми. Обвинети се Миле Јанакиески како ексминистер за транспорт и врски, како и пет лица од комисијата за јавни набавки.

Според обвинението, буџетот е оштетен за еден милион и 44 илјади евра и обвинетите прибавиле имотна корист за едно правно лице. Понатаму, според истото, како раководно лице во Министерството за транспорт и врски, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која и наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.

Би можело да ве интересира

Апелација и изменетиот Кривичен законик го урнаа „Топлик“: Предметот застарува за сите обвинети

Апелација ја укина првостепената пресуда за „Tоплик- Сончев град“ и предметот го врати на повторно постапување

Горан Наумовски

ВИДЕО: Плаќање затезна камата не е кривично дело, во „Топлик“ е штета и без неа немаше да постои предметот

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) „Топлик“: Јанакиески осуден на 3,6 години затвор, Димовски на условна осуда за исплаќање затезна камата по раскинат договор

Кристијан Ландов

“Плаќање камата не е штета, а без неа нема случај”, Јанакиески дециден дека нема вина за “Топлик” ниту докази против него

(ВИДЕО) Јанакиески на штаки со повредена нога и легнат во полициско возило однесен на судење

Кристијан Ландов