(ВИДЕО) „Топлик“: Јанакиески осуден на 3,6 години затвор, Димовски на условна осуда за исплаќање затезна камата по раскинат договор

Од:

Ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески е осуден на 3 години и 6 месеци за случајот „Топлик“, каде од Обвинителството беше гонет за злоупотреба на службената положба и овластување. Димитар Димовски кој бил член на комисија која спроведувала јавно наддавање за „Сончев град“ а беше и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ доби условна осуда односно казна затвор од две години ако го повтори делото Од другите членови на комисијата, Томче Ѓурчилов доби казна затвор од три години. Веса Томчевска е осудена на условна казна, а ќе издржува две години затвор ако во следните пет години направи ново кривично дело , Димитар Ѓаќев доби условна осуда а казна затвор од 2 години ако во рок од пет години направи ново кривично дело и Марица Тасева е осудена на условна осуда, а казна затвор од 2 години ако во рок од пет години направи ново кривично дело.

За овој предмет имаше низа контроверзии. Адвокатот Еленко Миланов тврдеше дека вработена во Министерството за транспорт и врски, Анета Јорданова, по налог на поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, обвинителот Бурим Рустеми и раководител во Државното правобранителство, ре-изработила документ за побарување на евентуална направена штета во предметот „Топлик“. Тој тврдеше дека вработената Јорданова во 2018 година посочила дека нема штета поврзана со договорите за „Сончев град“, по што, според нејзиното сведочење, била повикана кај Рашковски, а каде бил и Рустеми, и било посочено да го коригира документот или таа ќе трпи последици. Иако постојат два документи, ниту во вториот нема стриктно наведено дека постои штета, посочуваше Миланов. Инаку, обвинителот Рустеми не би можел да подигне обвинение за предметот „Топлик“, ако не постои штета која е нанесена врз Министерството за транспорт и врски.

Во предметот, затезната камата е штетата за која се гонат Јанакиески и останатите обвинети, иако Обвинителството за „А1он“ посочи дека затезна камата плаќаат сите и со тоа не се оштетува буџетот.

„Плаќањето законски казнени камати не е кривично дело и истото се врши врз основа на донесени правосилни судски пресуди. Како и повеќето правни лица, така и јавните обвинителства, во текот на своето работење се соочувале со одредени ситуации во кои наплатата на долгот се вршела по судски пат, па притоа биле досудени и законски казнени камати. При наплатата, од Буџетот на институцијата се симнува целата досудена сума, во која е вклучен основниот долг, каматите и други трошоци предвидени во пресудата“, кажаа од Обвинителството за „А1он“ на 28 јануари годинава.

За вештачењето во предметот изработено од Борис Тунџев кој е владин директор и донатор на СДСМ, Антикорупциската комисија кажа дека има конфликт на интереси. Но и покрај тоа, беше прифатено од судијата Осман Шабани. Тунџев овие факти не сакаше да ги коментира пред „А1он“.

Според обвинението на Бурим Рустеми, првоосомничениот Јанакиески, како раководно лице во Министерството за транспорт и врски, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која и наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.

Обвинителот тврдеше дека поради раскинувањето на договорот по вина на Министерството, тоа се обврзало во износ од еден милион евра да му исплати долг и камата на правното лице „Сан сити“. Според обвинението Јанакиески и другите петмина обвинети го оштетиле државниот Буџет за 64.206.839 денари односно за милион и 44.000 евра кои се исплатиле за камати.

 

Би можело да ве интересира

Апелација и изменетиот Кривичен законик го урнаа „Топлик“: Предметот застарува за сите обвинети

Апелација ја укина првостепената пресуда за „Tоплик- Сончев град“ и предметот го врати на повторно постапување

Горан Наумовски

ВИДЕО: Плаќање затезна камата не е кривично дело, во „Топлик“ е штета и без неа немаше да постои предметот

Кристијан Ландов

“Плаќање камата не е штета, а без неа нема случај”, Јанакиески дециден дека нема вина за “Топлик” ниту докази против него

(ВИДЕО) Јанакиески на штаки со повредена нога и легнат во полициско возило однесен на судење

Кристијан Ландов

Јанакиески бара супервештачење, распит на Срцев и Пешевски, за да докаже невиност за „Топлик“

Кристијан Ландов