(ВИДЕО) Јакимовски: Политиката да ги тргне рацете од судството, културата, здравството и образованието

Од:

Ние како Коалиција Храбро за Македонија зборуваме за теми кои се битни за граѓаните на Република Македонија. Има ли граѓанин на кој што не му е битно образованието, дали неговото дете ќе научи или само ќе има диплома? Има ли граѓанин во Македонија кој што се согласува со вакво ниско ниво на образование, посочи претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски од митингот на Коалицијата Храбро за Македонија во Ѓорче Петров.

„Ние предлагаме политиката да ги тргне рацете од судството, од културата од здравството и од образованието. До кога ќе му се заканувате на правосудниот систем дека ќе правите ветинг, дека кој како ќе одговарал, наместо да кажете дека на правосудниот систем ќе му обезбедите средства такви какви што бара. Што да прави еден судија ако има 900 предмети годишно? Зошто плукаме по здравството ако не сме создале услопви како што треба“, рече тој.

„Главна тема деновиве се отровните стрели кои ги фрлаат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Не се за машала ни едните, ни другите. Во изминативе 24 години цело време се менувате вие на власт и сега ќе ни ѕвецкате со оружје? Само ни покажувате дека за вас е битна власта за да ги реализирате вашите партиски интереси, а никако интересите на граѓаните на Република Македонија.

На ДУИ треба да им кажеме: Вие сте 22 години на власт, ефијасноста на администрацијата се намалува, корупцијата се зголемува, незадоволството се зголемува и најголем број од граѓаните вас ве посочуваат како директни виновници за лошото функционирање на институциите на системот. И наместо да кажете дека сте ја примиле пораката на граѓаните, и дека ќе се реформирате, вие ѕвецкате со оружје, рече Јакимовски.

Би можело да ве интересира

Јакимовски: Одлуката на судот е скандалозна, ќе поднесеме жалба до Апелација

Јакимовски воведува нов правилник и сет мерки за обезбедување поквалитетни градби

(ВИДЕО) Јакимовски: 700.000 жители на Скопје се заробеници на ЈП „Комунална хигиена“

Горан Наумовски

Јакимовски: ЗЕЛС е обичен партиски комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Ѓорѓиевски се надева дека градоначалниците на Струмица и на Карпош ќе се вразумат

Јакимовски најави дека ќе го напушти ЗЕЛС „ако продолжи теророт од власта“

Катерина Ѓуровски