(ВИДЕО) Ивановски: Претседателот нема право да бира како и кому ќе го довери мандатот

Од:

Претседателот Ѓорге Иванов кој испрати писмо до меѓународната заедница во објаснувањето зошто не го доверил мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, повторно се повика на член 84 став 1 од Уставот. Според поранешниот уставен судија Трендафил Ивановски, членот 84, каде пишува дека претседателот го определува мандатот за составување на Влада е јасен дел од Уставот, а е дообјасент со членот 90.

– Веќе член 90 од Уставот дава појаснување дека претседателот е должен мандатот да го довери на кандидат на политичка партија или политички партии кои имаат обезбедено мнозинство во Собранието. На претседателот не му дава никој за право нему да бира како и кому ќе го доверува мандатот, рамките за доверување на мандатот се дадени во рамките на Уставот, вели Ивановски за А1он.

Според него, Иванов со давањето мандат на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски сакал да помогне нечии интереси, по што навлегол од проблем во проблем.

– На претседателот на му требаше појаснување, одредбата е убаво поставена, што значи дека по конституирање на Собранието во рок од 10 дена претседателот го доверува мандатот на кандидатот, ниту е врзано за формални акти тој да носи укази или одлуки. Претседателот треба најодговорно да ги спроведува работите во рамки на уставот, смета Ивановски.

Одлуката на Ѓорге Иванов да не го додели мандатот на Заев и покрај тоа што тој му достави 67 потписи од пратеници на Собранеито наиде на многу критики кај меѓународната заедница, од каде тој денеска преку писмото побара осуда за платформата на албанските партии.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини од Скопје побара од Иванов да го даде мандатот на лидерот на СДСМ, а од Брисел им порача на македонските политичари „да не си играат со оган и меѓуетничка конфронтација, што ќе ја повлече земјата“.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Во видео од неколку секунди излезе на виделина целото лицемерие, аздисаноста и лажната грижа за народот на СДС

Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана

Политиката на свиткана кичма на Заев донесе штетни договори од кои и денес Македонија едвај глава крева реагира ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев се лицето и опачината на истата паричка – ортаци се во криминалот и корупцијата

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не е нов лидер, туку чувар на фотелјата на Заев

Мицкоски мандатар за состав на влада