(ВИДЕО) Ивановска: „Тоа е тој опел“

Од:

По увидот во црвениот „опел“ во складот кај Миладиновци, адвокатката на оштетените Дафинка Ивановска рече дека спорните прашања кои ги посочи Врховниот суд во пресудата за предметот „Монструм“, а кои се однесуваа на возилото пронајдено на 10-ина километри кај Смилковското езеро се расчистени.

„Тоа е тоа возило, „опел“ омега вишна боја“, рече Ивановска. Адвокатката рече дека станува збор за возило со ист број на шасија како она што било наведено во вештачењето. „Ги има калниците, потпирачите на задните седиште…“ рече застапничката на оштетените.

Адвокатот Насер Рауфи пак, рече дека изгледот на возилото не одговора со она од вештачењето и затоа рече дека ќе ги испитуват вештаците кои го направиле вештачењето. Следното рочиште за предметот „Монструм“ е закажано за 19 октомври.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Убиен за 10.000 евра бидејќи се сомневале дека предал дел од обвинетите за „Монструм“

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски