Ѓорге Иванов учествува на претседателскиот панел во Брдо-Бриони процесот. На прашањето на модераторот: „Како во денешно време, Александар Македонски би се прославил во областа на бизнисот”, Иванов одговорил:
„Не би успеал! Jас би ја сменил приказната. И Исус да се јави сега ќе го убијат. Исто важи и за Мухамед. И тој да се јави ќе го убијат. Не е неопходна сила, туку ум, умот војува. Александар Македонски бил тоа што бил затоа што имал учител кој се викал Александар, кој го научил се, да биде трпелив, да се учи од другиот, да го искористите моментот и да бидете спремни на жртви“, одговорил Иванов