ВИДЕО: Иванов не ги прими демонстрантите, го нарекоа кукавица од претседател

Од:

Група македонски здруженија денеска организираа протестен марш со барање претседателот Иванов да му го одземе мандатот на премиерот Зоран Заев, меѓутоа тие не беа примени во вилата Водно.

Дваесетина членови на здруженијата „Преродба“, Семакедонскиот национален совет „Македониум“, МПЗ „Тврдокорни“, Движењето за цивилизациски вредности, „Единствениот пат“ – движење на македонските носители и бранители на државниот суверенитет попладнево тргнаа на марш од пред канцеларијата на ЕУ до вилата на Иванов на Водно, но од обезбедувањето добија известување дека тој си заминал, а присутните на тоа бурно изреагираа нарекувајќи го кукавица.

Преку овој протест членовите на здруженијата сакаа да се чуе гласот на македонскиот народ, бидејќи како што рекоа, Македонија била нападната од сите страни.

Страшко Олумчев, претседател на Семакедонскиот национален совет „Македониум“, рече дека протестите ќе продолжат и дека повторно ќе се обидат да му ги достават барањата на Иванов.

– Не ме интересира Зоран Заев, не ме интересира Никола Груевски. Мене ме интересира борбата за македонската кауза, за Македонија и за македонскиот народ. Ништо повеќе, ништо помалку, рече тој.

Здруженијата бараат да му се одземе мандатот на Заев затоа што, како што велат, премиерот работи против македонските национални и државни интереси, а за туѓи интереси и рушење на државата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Берлин се крена против АфД: Илјадници протестираа по изборниот триумф на десницата

Горан Наумовски

Северина застана зад граѓаните кои протестираат во Загреб

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Протест во Загреб: Отпадот во Госпиќ не е изолиран случај

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Започна „Маршот за Лика“ – „Предавството нема да го простиме“

Горан Наумовски

Протест во Загреб против опасниот отпад во Госпиќ: Граѓаните бараат итна санација

Горан Наумовски

Протест на македонските транспортери: „Вака повеќе не може“, бараат решение од ЕУ

Горан Наумовски