ВИДЕО: ИНТЕГРА поднесе тужба против Мицкоски, откако тој не му се извини на Ристовски

Од:

Партијата ИНТЕГРА поднесе тужба против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку која бара 100.000 евра, поради изнесени клевети и лаги за време на прес-конференција. Според ИНТЕГРА, Мицкоски со неговото излагање му го нарушил угледот, авторитетот и честа на нивниот лидер, Љупчо Ристовски.

ИНТЕГРА поднесе тужба против Христијан Мицковски, претседателот на ДП*НЕ…

Денес, поднесовме тужба против Христијан Мицкоски, кој во својство на претседател на опозициската ДП*НЕ изнесе лаги, клевети и инсинуации на официјална прес конференција против лидерот на ИНТЕГРА д-р Љупчо Ристовски и со тоа го наруши угледот, авторитетот и честа во јавност.Оштетно побарување од 100.000 евра, доколку се добие тужбата, ќе биде наменета за поддршка на Здруженија за дечиња со посебни потреби.Пораката е дека на јавна политичка сцена секој, особено лидери на партии да престанат да сејат лаги и клевети и на тој начин да го разоруваат македонското национално ткиво.Длабоко вгнездените удбашки структури во ДП*НЕ веќе 30 години зад завеса ја раководат оваа политичка партија, која забрзано го губи приматот врз македонскиот национален стратегиски интерес.ИНТЕГРА, со Божја помош, во налет го презема приматот, сигурно и неповратно.

Posted by ИНТЕГРА – Македонска конзервативна партија on Петок, 18 септември 2020

„Пораката е дека на јавна политичка сцена, секој, особено лидери на партии да престанат да сеат лаги и клевети и на тој начин да го разоруваат македонското национално ткиво. Длабоко вгнездените удбашки структури во ДП*НЕ веќе 30 години зад завеса ја раководат оваа политичка партија, која забрзано го губи приматот врз македонскиот национален стратегиски интерес. ИНТЕГРА, со Божја помош, во налет го презема приматот, сигурно и неповратно“, објави ИНТЕГРА.

Доколку ја добијат судската постапка и оштетата од 100.000 евра, парите ќе бидат наменети за поддршка на здруженија за деца со пречки во развојот. Претходно, Ристовски изјави дека тужбата против Мицкоски е бидејќи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за време на прес-конференција кажал: „Имаме сериозни информации и докази дека финансиски мотивирани од други политички партии, а луѓето кои се тука со мене, исто така, тие индиции, ги потврдуваат со сопствено сомневање, дека постојат сериозни финансиски мотиви со цел да направат штета во опозицијата и да се поделат гласовите“.

Претходно, претседателот на ИНТЕГРА побара Мицкоски да му се извини на него и партијата во рок од 24 часа, во спротивно, ја најави тужбата која денес ја поднесе.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Дебакл за СДСМ, изборните резултати се потврда дека изиграната доверба има последици

Горан Наумовски

Мицкоски: Наметнатиот билатерален спор нема да ја запре европската агенда

Мицкоски: Приоритет ни се реформите и проектите, не изборите

(ВИДЕО) Мицкоски: 2026 година ќе биде година на големи и крупни чекори

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски

МНР: Неаргументирани коментари не се европски, потребна е почит кон Македонија

Горан Наумовски