(ВИДЕО) Инцидент во Чашка: Полицијата со жив штит ја одбрани директорката која потпиша албанска паралелка

Од:

Гневна толпа на родители на децата oд училиштето „Тодор Јанев“ кои трета недела ја бојкотираат наставата поради одлуката на МОН да се отвори албанска паралелка, и се нафрлија на директорката Николова, а полицијата мораше да интервенира и спречи поголем инцидент во моментот кога таа доаѓаше во училишниот двор.

„Дојди дојди, директорке, како не ти е срам , ѓубре едно“, „Удрете ја, турнете ја, оваа го направи ова“, „Уаа предавничке“, извикуваа родителите во Чашка кои поради одлуката на министерот Јетон Шаќири три недели со жив штит го чуваат влезот на училиштето.

Родителите на учениците Македонци не дозволуваат противзаконско и вонстатутарно отворање на албанска паралелка која ја одобри МОН а ја прифати директорката Николова.

Неколку денови полиција од Велес и Чашка е тампон зона помеѓу очајните родители и директорката на Тодор Јанев која безуспешно се обидува да влезе во школото.

Родителите ги пренесоа заклучоците од состанокот со министерот Шаќири и револтот се зголеми затоа што тој не се согласува со нивниот предлог оние четири деца за кои се отвори паралелката, да учат на својот мајчин јазик во друго училиште во село Сливник кое со реонизација припаѓа на општина Велес, не на Чашка.

Училиштето, според статутот е само за настава на македонски јазик и во населено место со Македонци и отворањето на ваква паралелка, според родителите е насилно и незаконски.

Би можело да ве интересира

Турција: Голема акција на полицијата, уапсени се 65 дилери

Се запали полициско возило, двајца полицајци завршија на Токсикологија

Хаос во Кичево: Во еден ден казнети дури 86 возачи за сторени сообраќајни прекршоци

За два дена полицајците напишаа 1.336 парични казни и 212 прекршоци

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Полицијата спаси четири лица од пловен објект во Охридско Езеро откако им се скрши дел од едрилицата

Горан Наумовски