(ВИДЕО) Илија Димовски: Дури 95% граѓани сметаат дека бракот треба да биде меѓу маж и жена

Од:

Пратеникот од владејачката ВМРО – ДПМНЕ на денешната расправа за предлогот за пристапување кон измена Уставот изјави дека за дефинирање на бракот постои широк политички, општествен и граѓански консензус.

– Дури 95 насто од граѓаните сметаат дека бракот треба да се дефинира во Уставот. Ова е тема за која нема етничка поделба. Европа не претставува пакет на либерални движења, а влезот во Европската унија не значи откажување од нашите семејните вредности. Регулацијата за ова прашање ќе значи гаранција дека за промена на ова прашање ќе треба широк консензус. По 40 години, мнозинство ќе бидат граѓаните кои ќе размислуваат различно, но заради сензибилитетот на ова прашање, ќе треба да обезбедат широк општествен и верски консензус. Ако воопшто се случи тоа некогаш во Македонија, нека им е со среќа на идните генерации – изјави Димоски.

На ставот на Димовски реплицираше новата пратеничка Мирсада Емини Асани, која успеа да стигне во пратеничката фотеља благодарение на партијата на Руфи Османи, прифаќајќи го пратеничкиот мандат. Таа изјави дека иако бракот меѓу маж и жена е нешто свето, сепак тоа претставува провокација за Европа, каде Македонија се труди да стане членка.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски