(ВИДЕО) Ибрахими: Не си играјте со пазарџиите од Бит Пазар

Од:

Зеќирија Ибрахими, кандидат на Движењето БЕСА за градоначалник на Општина Чаир денеска во изјава за медиумите рече дека веќе неколку години општинската власт во Чаир во неколку наврати ветувала имплементација на план за изградба на Бит Пазар, но тоа никогаш не се случило.

– Денес не сме тука да ве потсетиме кои се тие ветувања, бидејќи тоа вие го знаете подобро од нас. Денес сме за да ви упатиме три пораки: Му се обраќаме со порака на досегашниот градоначалник на Чаир, кој веќе се иселил од Општина Чаир, да не донесе барем уште една штетна одлука: да не потпише дозвола за изградба на Бит Пазар, бидејќи како што сме ние информирани од пазарџиите во Бит Пазар, таквиот план претрпел низа измени во корист на урбаната мафија од Чаир! Затоа ве молиме да не ја потпишете таа дозвола, бидејќи оваа работа ќе ја решиме ние во корист на пазарџиите, рече Ибрахими.

Тој ја повика и управата на претпријатието „Скопски Пазар“ да не си поигрува со пазарџиите, бидејќи тука својата егзистенција ја обезбедуваат повеќе од 2.000 семејста и никому не му се дозволува за соја лична корист да ја зголеми бројката на невработени и да ги остави луѓето на улица.

– Ние им ветуваме на пазарџиите дека со нас на чело на општинската власт нема да се имплементира никаков план за Бит пазар кој нема да биде одобрен и прифатлив и од пазарџиите на овој пазар. Никому не му е дозволено да донесе никаква одлука и да му наштети на ниту еден пазарџија во Бит Пазар, рече Ибрахими.

Би можело да ве интересира

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ

Османи: Секое маало ќе има минимум два паркинга, бесплатен и со плаќање

Горан Наумовски

Левица бара итна мерка од Уставниот суд против забраната за платено политичко рекламирање

Османи го најави проектот „Плоштад Лирија“ кој предвидува целосно решавање на сообраќајниот метеж со подземен сообраќај

Горан Наумовски

ДУИ: Архитектот Мишел Ројкинд и Бујар Османи ја презентираа „Визија Чаир 2040“

Предраг Петровиќ

Левица со кандидати за градоначалници во Струга, Тетово, Гостивар – пратеничката Мојсоска ќе се трка за Струга

Предраг Петровиќ