(ВИДЕО) Ибрахими: Не го сфаќам молкот на институциите кога се загрозува приватноста на еден пратеник и кандидат за градоначалник

Од:

„По ниските и кукавички напади врз мојата приватност, денеска повторно се чувствувам незаштитен од сите страни, иако ден порано побаравме од надлежните органи да ги превземаат сите потребни мерки. И покрај фактот дека сите тие институции се запознаени со случајот, и покрај тоа што портали познати како блиски до ДУИ ги објавуваат без никаков страв и срам моите коресподенции, досега никој ништо не преземал.

Почитувани, тие кои посегнале по мојата приватност, не се анонимни, не се портали на кои не им се знае сопственикот, тие имаат име и презиме и сите ние знаеме дека тоа се прави за сметка на ДУИ во контекст на локалните избори, а јас уште се чувствувам незаштитен.

Една партија која дојде на власт со ветување дека „никогаш нема да се повтори“ масовното прислушување на партиските функционери или на граѓаните, денес дозволува, дури и помага на тоа. Јас не ја сфаќам поинаку преќутноста на министерот за Внатрешни работи, но и на министерот за Правда, на Јавниот обвинител, на Народниот правобранител, како и на невладините организации, кои често реагираат и за банални работи, денес кога се загрозува приватноста на еден пратеник, воедно потпретседател на една партија и на кандидат за градоначалник, никој во државата не реагира и не презема ништо.
Затоа со жалење констатирам дека нашата државата продолжува по истиот терк на „реформската неправда“. Судејќи според ова, и оваа власт, која само привидно е „реформска“, на дело со ништо не се разликува со претходната власт. Се чини дека зборот „правда“ се уште има само селективно значење.

Јас уште еднаш барам заштита од безбедносните органи и органите на правда во државата, но и од меѓународната заедница, бидејќи ова што се случува денес со мене, е класично прислушување, сега со нови имиња – СДСМ и ДУИ“ рече кандидатот на Движењето БЕСА за Градоначалник на Чаир, Зеќирија Ибрахими.

Би можело да ве интересира

Седат Сулејмани избран за шеф на изборниот штаб на „Беса“ и коалицијата „Вреди“

Горан Наумовски

Сејдиу: Техничкиот ги навредува работниците, кабадаии во Собрание, кабадаии во Влада, кабадаии во полиција

Горан Наумовски

Беса: На средбата во Приштина со Курти и Конјуфца, присутните лидери ја посочија и идејата за претседател Албанец

Движење БЕСА: ДУИ, СДСМ криминалот и корупцијата се при крај

Горан Наумовски

Движење БЕСА: Криминалците на ДУИ се заменуваат со криминалци на Ахмети

Горан Наумовски

БЕСА: ДУИ да не ја штити платата на Беким Незири од 3000 евра, туку и да го исклучи од партијата