(ВИДЕО) И дезинфекцијата стана политички маркетинг: Нарачани прашања, кавга со жител на Стајковци

Од:

Девет дена по поплавата во околината на Скопје, граѓаните се уште повеќе револтирани. Државата делумно велат дека пружа помош, нема ништо освен чист политички маркетинг и мал процент реална хуманитарна помош, онаа од граѓаните.

И денеска на терен можеше да се забележат државните институции, а присутни беа и камерите на провладините телевизии кои во ред, еден по еден, чекаа изјави од „релевантни” лица, кои треба да го повторат тврдењето дека нема никаква зараза, а добиваа и наредби што треба да снимат и што да прашуваат.

Во обид МРТ да покаже колку „добро” тече работата со дезинфекцијата, еден од луѓето ја избрка камерата на државната телевизија прашувајќи ги каде биле да снимаат кога тој бил поплавен, а се јавија и вработените прашувајќи го нивниот шеф дали да ја вршат дезинфекцијата поради тоа што сопственикот на куќата не дозволил да се изврши дневно-политичката агенда која ја тераат провладините медиуми за власта.

Кавга настана и помеѓу Зоран Чаневски од Центарот за јавно здравје и сопственикот на куќата, кој праша зошто вработените кои ја вршат дезинфекцијата не носат маски, а директорот се обиде да објасни дека супстанцата „не била отровна”, по што човекот појасни дека е хемичар и дека знае што содржи супстанцата.

– Ако не сакаш, нема да вршиме дезинфекција, беше одговорот на Чаневски.

Откако почекаа да проработи и машинеријата за прскање на улиците, Чаневски ја даде изјавата за МРТ, но граѓаните кои одеа по улицата останаа незаштитени и ја вдишуваа хемикалијата која ја испушташе дирекцијата за дезинфекција.

А1он одби да ја земе нарачаната изјава, истата онаа која МРТ ја зеде откако им беше кажано што точно треба да прашаат, кој одговор ќе го добијат од Зоран Чаневски и што точно треба да снимат.

Граѓаните пак, револтирано одбиваа да даваат било какви изјави. Зад камерите велат дека се што се случува е тотален хаос. Проценката велат, се врши на обичен бел лист, а тие не знаат што пишува таму, ниту пак им даваат да се потпишат на извршената проценка.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Повлечени средства за дезинфекција на рацете на Дизни, содржат канцерогени материи

А1он

Без вода утре неколку улици во Сингелиќ и Стајковци

А1он

Дезинфекција на јавните површини и јавните институции во Чашка

А1он

Владата донесе одлука со која се дозволува извоз на средства за дезинфекција

А1он

Иноватори од Кавадарци и Кочани почнаа со производство на тунели за дезинфекција

Ана Ололовска

Продолжува дезинфекцијата низ градските улици во Делчево

А1он