ВИДЕО: Хуманитарна акција на Форумот на жени на СДСМ, даруваме од срце, помагаме на нашите сограѓани

Од:

Денеска во Скопје и во градовите низ Македонија се одржа традиционалната хуманитарна акција Дарувај од срце во организација на Форумот на жени на СДСМ, Црвениот крст и хуманите граѓани.

„На пунктовите во градовите низ Македонија донираме топла облека, обувки и постелнина за граѓаните на кои им е најпотребна во овие студени зимски месеци.

На овој начин го одбележуваме и Меѓународниот ден на човековата солидарност – 20 декември и даваме скромен придонес во овие предновогодишни денови да внесеме топлина во домовите на бројни семејства.

Солидарноста, хуманоста и меѓусебното помаѓање се вредности на кои се темели социјалдемократијата. Како Форум на жени на СДСМ постојано ги негуваме овие вредности и остануваме посветени на заложбите за обезбедување услови за достоен живот на сите наши сограѓани“, рече Кристина Пеповска од Форумот на жени на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар