(ВИДЕО) Христос воскресе претседателе, наместо на верниците, честитка од попот до Груевски

Од:

Свештеното лице на Велигденската литургија во Дојран, наместо на верниците, му се обраќаше на премиерот Никола Груевски. Премиерот, дури и му одобри кога да почне со говорењето.

„Претседателе и премиере, голем благослов. Навистина ми е чест што дојдовте и не посетивте на овој ден, посветен на Христовото вознесение. Христос воскресе претседателе, му се обрати попот од црквата Свети великомаченик Ѓорги во Дојран на Груевски.

На социјалните мрежи, видеото предизвика револт, бидејќи, се коментира, не смее Македонската православна црква да биде под партиска капа, или да ги дели граѓаните. Во црквата велат, сите верници се еднакви.

Премиерот за Велигденските празници со семејството беше во Дојран.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Нова лага на Мицкоски, знаел за државјанството на Груевски – затоа документите не се праќаат

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

СДСМ: Сиљановска е во улога за спас на Никола Груевски и Христијан Мицкоски?

Горан Наумовски

Велигденско послание на г.г. Стефан: Со нашата вера и со богоугодни дела да го озариме светот со велигденска радост