(ВИДЕО) Ховит ги опомена ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Одговорноста за спроведување на договорот од Пржино не е кај СДСМ, туку кај ВМРО-ДПМНЕ, изјави европратеникот и поранешен известувач за Македонија во Европскиот парламент, Ричард Ховит.

По денешната средба со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, Ховит изјави дека не е доцна да се пресретне извештајот за напредок на Европската комисија со исполнување на договорот од Пржино за Македонија да не ја изгуби препораката.

-Очекуваме договорот да биде целосно исполнет. Не е доцна за извештајот на Европската унија, но на оваа земја сега веќе и остануваат часови, а не денови за договорот да се исполни. Сега е моментот – изјави тој.

Ховит им изрази поддршка на социјалдемократите во земјава.

-Овде сме затоа што очекуваме исполнување на договорот, во очекување на изборите да ви посакаме успех и да и ставиме до знаење на јавноста дека социјалдемократските политики произведуваат повеќе работни места и повеќе просперитет во сите земји во Европа. И во оваа земја гласот за социјалдемократите е глас за подобра иднина – додаде тој.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он