(ВИДЕО) Хонорарец: Само по шалтери одиме и пак останавме без здравствено осигурување

Од:

Со измените на законите за хонорарните работници самите да плаќаат придонеси за здравствено и пензиско осигурување, стана невозможно да се оствари уставно загарантираното право на здравствено осигурување.

– Јас хонорарно остварувам приход и поради тоа сега мора да плаќам придонеси на тие хонорари, што лично за мене не претставува некој голем проблем, меѓутоа проблем е процедурата. Според она што ми кажаа од Министерството за труд и социјална политика и од Фондот за здравствено осигурување, луѓето кои хонорарно заработуваат и плаќаат придонеси на тие хонорари го губат правото на осигурување преку брачен другар. Тоа не би било страшно доколку хонорарите се земаат редовно и постојано, но, во најголем број случаи тоа не е така, се отвораат многу процедури и наместо да си ја работиме својата работа ние треба да одиме по шалтери – да се пријавуваме, одјавуваме, повторно пријавуваме итн. за да си го оствариме правото на здравствено осигурување, вели Вања Димитриевски, хонорарен работник.

Тој посочи дека на луѓе што уплатиле придонеси, сега Фондот за здравствено осигурување им вели дека немаат право на него и не им даваат здравствена легитимација. А со постојаното пријавување и одјавување, не се обврзани само и хонорарците, туку и нивните брачни партнери, односно правниците или други надлежни од нивните фирми или институции кои немаат обврска да се ангажираат за лица што не се вработени во нивната фирма.

fzoDok

Димитриевски кој работи хонорарно од 1999 година е дециден дека претходниот систем бил подобар, иакои тој не бил идеален.

Здравко Савевски од левичарското движење „Солидарност“ вели дека на хонорарците им е загрозено правото на здравствено осигурување, а со тоа и правото на здравје.

– Принудени се на голем број процедури и во најголем број случаи завршуваат со губење на правото на здравствено осигурување. Некои од одговорите што ги добивме се фрапантни. Во февруари и во март, владата го менуваше законот за хонорарите и нека престане да си игра со законите и конечно во април нека ги повлече законските измени, наместо секој месец да прави се’ нови и нови измени во законите, вели Здравко Савевски од „Солидарност“.

Тој нагласи дека е пропаганда на владата дека се решава проблемот со здравственото за невработените. Според Савевски, владата го создаде проблемот во 2011 година кога им го укина правото на здравствено осигурување на невработените лица, кои го остваруваа токму по основ дека се невработени и со тоа деградира една од основните функции на Македонија како социјална држава според Уставот.

Савевски порача дека владата треба сериозно да ги сфати овие проблеми, бидејќи во спротивно повторно ќе се соочи со протести.

Нема официјални податоци колку граѓани во Македонија се хонорарни работници, но претпоставката е дека се работи за околу 100 000 граѓани.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Агенцијата за филм без критериуми исплаќала хонорари од 15.000 до 60.000 денари за рецензенти, утврдија ревизорите

A1on

(ВИДЕО) Актери: Доста со овој грабеж, укинете го законот за хонорари!

Ана Ололовска

ВИДЕО: Нека го повлечат законот за хонорарци пред да си заминат од власт

Ана Ололовска

ВИДЕО: Во Уставен суд поднесени 6.400 претставки за хонорарите

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Протест на хонорарците: УА Лопови

Ана Ололовска

(ВИДЕО) АЈДЕ!: Утре сите на протестен марш – НЕ за неуставните закони за хонорарците!

Ана Ололовска