ВИДЕО: Хан ја поздрави улогата на ВМРО-ДПМНЕ во процесот на евроинтеграциите

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со Јоханес Хан, комесар за соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија.

На средбата стана збор за извештајот на Европската Комисија кој се однесува на интеграцискиот процес на Македонија кон Европската Унија и за состојбите во државата од економски и политички аспект.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски посочи дека европскиот пат е единствениот по кој треба да се движи Република Македонија, пред се како настојување за подобар стандард и напредок на граѓаните и како начин за заштита на националните и државните интереси.

Тој истакна дека враќањето на позитивната препорака која претходна влада на ВМРО-ДПМНЕ ја добиваше од 2009-та година, а ја загуби како резултат на наметната политичка криза во последните 2 години чии актери денес се дел од владата, заедно со препораките кои се содржани во извештајот треба да помогне на подобрување на состојбите и подигнување на критериумите во повеќе сфери во државата. Опозицијата суштински го подобри квалитетот на реформските закони, со што докажа дека државните интереси ги става како основен приоритет, но и дека преостанува да се посвети внимание на нивна имплементација, нешто што зависи од самата Влада, посочи Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.

Мицкоски истакна дека она што загрижува се состојбите со нотираната корупција во институциите раководени од СДСМ што се поклопува со извештаите кои државава ја сместуваат за најкорумпирана во Европа, неефикасноста на институциите, бирократијата, нереформираниот судски систем, организираниот криминал и несигурноста на граѓаните.

Мицкоски го истакна и политичкиот терор на власта кој се манифестираше со уапсени пратеници, пред воопшто да им биде симнат имунитетот, отворање на судски процеси против неистомисленици на власта, а зад кои стојат политички мотиви, притисок врз медиуми, бркања од работа по партиски клуч и други форми на притисок.

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше посочено дека ќе продолжат критиките врз неефикасната влада на Зоран Заев и одблиску ќе се мониторираат состојбите кои ги загрижуваат граѓаните, а за тоа ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ја информира македонската и меѓународна јавност како и европските институции.

Од страна на комесарот Хан беше поздравена улогата на ВМРО-ДПМНЕ во процесот на евроинтеграциите, и дека целосниот успех би бил влез на државата во Европската Унија, нешто што е заеднички интерес на сите субјекти, додавајќи дека се цени и поддржува актуелниот пристап, политики и стратешки приоритети на владата во однос на евроатлантските интеграции.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат