(ВИДЕО) Груевски: Заев во судница негира што кажуваше на прес-конференциите

Од:

– Зоран Заев во судница негираше дека сум земал 1,5 милиони евра во кеш како провизија за продажбата на Македонска Банка и објаснуваше  дека во јавноста изнел само основано сомнение. Верувам дека судот ќе донесе правилна одлука.

Вака премиерот Никола Груевски го оцени денешното сведочење на лидерот на опозицијата.

Груевски посочи дека му бил оцрнет угледот и честа со серијата прес конференции кој ги одржал Зоран Заев.

Според него вистинитоста на прес конференциите на лидерот на СДСМ ги довел во прашање и српскот бизнисмен Јовица Стефановиќ-Нини кој пред судот изјави дека не ги познава ниту него ниту Заев, иако сведочел на покана на одбраната.

„Денеска кога тој се најде пред судот со сите сили се обидува да каже дека не кажал така како што кажал и дека тој искажувал само основано сомнение. Напротив тој секогаш категорично твредеше дека сум земал 1,5 милиони евра во кеш или 2,4 милиони во некои наврати дека сум татко на криминалот. Сега соочен со тоа дека нема такави докази, а на судот не може со прес-конференции да му докажате зашто требаат докази и соочен со неговиот крунски сведок што тој го повика и за кој јавно кажа дека ми ги дал тие 1,5 милиони евра во текот на вчерашниот ден и лично го демантираше. Како последна надеж за спас се обидува да го префурмулира своето обвинување дека тоа било само исказ на основано сомнение и не било категорично клеветење и тврдење за тоа што го кажа и се надевам дека судот ќе донесе правична одлука“, изјави Никола Груевски.

Груевски од Зоран Заев бара половина милион евра за навреда и клевата. Српскот бизнисмен Јовица Стефановиќ-Нини вчера пред судот изјави дека не ги познава ниту Заев ниту премиерот и дека Македонска Банка ја купил на берза преку брокерска куќа без да подмитува.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев