(ВИДЕО) Груевски во Росоман: Нудиме концепт во кој нема да има неасфалтирана и неосветлена улица

Од:

Никола Груевски вечерва во Росоман изјави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи на зголемување на вработеноста и дека ќе обезбедат бесплатен здрав оброк за учениците од прво до петто одделение.

– Општината Росоман и Стојанче Лазов ќе овозможат можности за граѓаните за стекнување, оние граѓани кои немаат сопствен дом за стекнување на сопствен дом по симболична почетна цена од само 1 евро по квадратен метар на земјиштето и ќе им се укинат или драстично намалат комуналиите. Нудиме концепт во кој нема да има неасфалтирана и неосветлена улица, во кој во секое маало ќе има парк, рече Груевски.

Тој вети дека ќе се доврши реконструкцијата на патниот правец Манастирец – Трстеник и дека ќе се заврши патот до Мрзен Ораовец.

– Ќе изградиме канализација во Дебриште, крак во Сирково, нова пумпа и дел од атмосферска канализација во Росоман. Ќе изградиме нови игралишта за кошарка, ново повеќенаменско игралиште и три нови детски забавни игралишта. Ќе работиме на силен економски развој на Росоман. Ќе инвестираме во уредување на индустриските зони и за креирање на нови работни места, рече Груевски.

Кандидатот за градоначалник на Росоман од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанче Лазов, кажа дека досега се асфалтирани над 15 километри улици во сите населени места во Росоман и дека вкупно се асфалтирани 20 километри регионални патишта. Тој кажа дека се уредени централните подрачја на сите населени места и дека е комплетно решено водоснабдувањето во целата општина.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Утре втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница, денеска гласаат болните

А1он

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази