Премиерот, Никола Груевски, последен пристигна во Клубот на пратеници каде денес се одржува новата рунда преговори меѓу лидерите на политичките партии, а со посредство на амбасадорите на САД и ЕУ.
Груевски ги остави сите други да чекаат, а пристигна дваесетина минути по договорениот термин од 13.30 часот.
Како што најави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска ќе се разговара за експертскиот извештај на Европската комисија кој ги детектира проблемите во клучните области во Македонија, а опозицијата ќе соопшти дека дава рок до крај на месецов да се изнајде решение на кризата.
Тема на разговор се претпоставува дека ќе биде и повлекувањето на Груевски од функцијата премиер.
Маја Васева