(ВИДЕО) Грашковска: Да се почитуваат мерките и за претстојните празници, ќе се провери дали се прекршени и за прославата од ДУИ

Од:

Граѓаните биле совесни за новогодишната ноќ која поминала мирно и безбедно и без многу прекршувања на протоколите за заштита од Ковид-19. Претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Грашкоска денеска на редовната прес-конференција истакна дека очекува така да биде и за претстојните празници Бадник и Божик, но повторно апелираше до сите граѓани и до стопанствениците да ги почитуваат мерките.

-Да празнуваме одговорно, во кругот на семејството, да се воздржиме од прослави и да нема групирања. Надлежните инспекциски служби и во текот на наредните денови ќе спроведуваат интензивни контроли на терен, сè со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, рече Грашковска, која денеска ги презентираше податоците за спроведените контроли од 28 декември до 3 јануари. Во овој период, седумте инспекциски служби извршиле вкупно 5718 надзори и контроли.

Таа во одговор на новинарско прашање во однос на палењето бадникарски огнови што традиционално се организираат на 5 јануари навечер, потсети дека е сè уште во сила мерката за забрана за групирање на повеќе од четири лица на јавни простори.

За прославата на роденденот на лидерот на ДУИ Али Ахмети вчера во новите простории на Министерството за политички систем, на која членови од врвот на партијата не носеле заштитни маски, Грашковска одговори дека сите инспекторати постапуваат неселективно и така ќе биде и за овој случај.

-Надлежната инспекција ќе ги провери наводите дали има одредени прекршувања на протоколите и благовремено дополнително ќе бидете известени за сето она што е констатирано од нивна страна, рече претседателката на Инспекцискиот совет во одговор на новинарско прашање.

Би можело да ве интересира

Со законските измени се суспендира инспекцискиот надзор и се создава правна апсурдност и несигурност, реагира опозицијата

Катерина Ѓуровски

ДПИ: Извршени над 650 надзори, наплатени преку 175 прекршоци вредни повеќе од 6 230 000 денари

Ана Ололовска

Запечатени угостителски објекти во гевгелиско, непочитување на протоколите, неиздавање фискални сметки…

Ана Ололовска

При акциска контрола во угостителски објекти во Куманово, четири затворени, за 14 изречена глоба

Ана Ололовска

ДПИ извршил 1.290 надзори и затворил 20 угостителски објекти за непоседување сертификати или ковид протоколи

Ана Ололовска

Николовски: Е-инспектор почнува со примена во пазарен, трудов и управен инспекторат

Ана Ололовска