ВИДЕО: Градоначалникот Георгиевски го посети првиот жител на Гази Баба

Од:

Градоначалникот Борис Георгиевски го посети првиот жител на Гази Баба за 2019 година, машко дете – Ведран, родено во една минута по полноќ, со тежина од 3 килограми и 940 гр и долго 52 сантиметри, на Клиниката за гинекологија и акушерство, при универзитетскиот клинички центар.

„Традиционално, градоначалникот Георгиевски на семејството Ангеловски од населбата Хиподром, им посака среќни новогодишни и божиќни празници, а особено им честита што го донесоа на свет Ведран, како прв жител на општина Гази Баба и во Република Македонија. Машкото дете на нашето поднебје е предзнак за бериќетна и успешна година“, се вели во соопштението на Општина Гази Баба.

Градоначалникот Георгиевски му посака на Ведран многу здравје, убаво и безгрижно детство а на семејството им додели 20.000, 00 денари и играчка за бебето.

Би можело да ве интересира

Тепачка во Гази Баба: Момче се пресметало со неговите баба и тетка

А1он

Левица: Стефковски ги остави учениците во Гази Баба без бесплатен превоз

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он

Ковачевски со новогодишна честитка: Среќна Нова 2024, можеме, знаеме и умееме да обезбедиме подобар живот за сите

А1он

Првото бебе во 2024 година е машко: Се роди точно на полноќ

А1он

Новата година веќе пристигна во Кирибати