ВИДЕО: Отворена детска инсталација во Ново Лисиче

Од:

Во Ново Лисиче денеска беше отворена просторната едукативна инсталација наречена Паркот на книгата која е наменета за најмладите. На пуштањето во употреба присуствуваа градоначалникот Шилегов и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева.

– Станува збор за едукативна инсталација која има за цел кај децата уште во најрана возраст, на еден забавен начин, низ игра да развие интерес и љубов за книгите. Инсталацијата во основа претставува џиновската книга која лесно може да биде забележана од секое дете и треба побуди интерес за светот на книгите кој за децата секогаш е полн со приказни. Мини уличната библиотеката која е дел од инсталацијата е овозможува децата да можат да ги разменуваат книгите кои веќе ги прочитале. Тие ќе можат да се запознаат со голем број на поставени книги, но и да ги донесат своите и да ги споделат со нивните другари. За најмалите на основата е запишана азбуката кирилица која ќе им помогне побрзо и на забавен начин да ги научат буквите – рече Шилегов.

За најмалите дечиња на основата е запишана азбуката на кирилица која ќе им помогне побрзо и на забавен начин да ги научат буквите. Запишани се и неколку изрази на англиски и една математичка равенка и сето тоа е изведено со многу бои, многу разновидно шаренило кое е привлечно и забавно за децата. Самата основа преку бои е поделена на 4 делови кои всушност претставуваат книги наредени на полица. Основата ќе биде бетонска со димензија 6m x 5.3m.

– Ова е првата едукативна инсталација во просторот предвидена за оваа година во Програмата за култура на Град Скопје за која од буџетот се издвоени околу 1,7 милиони денари со пресметан ДДВ. За оваа година предвидено е пуштање во употреба на уште една ваква инсталација во населбата Драчево која ќе ја промовираме во текот на овој месец. Драго ми е што годинава успеавме и покрај отежнатите околности предизвикани од пандемијата на коронавирусот, да ги поставиме просторните едукативни инсталации. Грижата за најмладите не смее да престане никогаш, дури ни во ваквите тешки времиња. Децата и младите луѓе генерално се основата на која се развива секое општество и затоа вложувањето во развојот на оваа категорија на граѓани е влог во иднината, влог кој не смееме да престанеме да го вложуваме – истакна Шилегов.

Град Скопје во рамките на своите надлежности успева да задржи еден континуитет во градењето на тој партнерски однос со најмладите затоа што љубовта кон урбаните вредности и култура започнува од најрана возраст.

Би можело да ве интересира

Струмица, Сарај, Теарце и Град Скопје повторно да конкурираат за пари од унгарскиот кредит, Мицкоски вели да поднесат нови или подобри проекти

Приватниците ќе возат само трета смена, бараат повеќе пари: Град Скопје го обвинува Славеески за опструкција

Кирков: Со Данела Арсовска и нејзините кадри за директори од најголема атракција Зоолошката Градина во Скопје се претвори во хорор приказна

Град Скопје поднесе 20 проекти на јавниот повик на Владата

Град Скопје: ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција во Советот на град Скопје докажаа дека водат политиката на инает со граѓаните

Мицкоски ќе ги замоли советниците од ВМРО-ДПМНЕ да ги изгласаат програмите што ги бара Арсовска

Горан Наумовски