(ВИДЕО) Горан Трајановски: Зошто плаќаме големи сметки за телефон, кабелска и интернет?

Од:

„Знаете ли зошто плаќаме големи сметки за телекомуникациските оператори, кабелските телевизии и слично?

Сега кога ќе го слушнете ова ќе ви стане јасно.

Агенцијата за електрoнски комуникации, во својот Предлог годишен план за работа за 2015 година планира да потроши  60.000.000 денари или цели МИЛИОН ЕВРА за промотивна кампања!

Агенцијата не е орган што е сега основан и треба да се промовира и навистина е прашање што тоа Агенцијата треба да промовира, за да потроши еден милион евра пари од граѓаните?

Или се отвора нова можност за финансирање и контрола на „послушните медиуми“, рече на денешната прес-конференција Горан Трајановски, член на Комисијата за информатичко општество.

„Дополнително, Агенцијата за електронски комуникации планира да биде донатор. Не е  наведeно кому и за што. Оваа ставка што во 2014 изнесувала 80.000.000 денари. Сега ја зголемуваат за неверојатни 101 отсто! Или на 160.960.000 денари!

Само оваа ставка за донации, заедно со таа за т.н. интелектуални услуги, кадешто влегува милионската промотивна кампања, ќе однесат 50 проценти од парите на компаниите, односно на граѓаните, што ги прибира АЕК“, вели Горан Трајановски, член на Комисијата за информатичко општество.

Би можело да ве интересира

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус