(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Речиси да нема викенд, а да не се случи сериозен грабеж, убиство или некој голем инцидент

Од:

За жал Република Македонија е претворена во крвава арена. Оливер Спасовски си брка тендери и политика, полицијата ја нема на терен, а граѓаните се незаштитени. Речиси да нема викенд, а да не се случи сериозен грабеж, убиство или некој голем инцидент, рече Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција.

– Синоќа јавноста повторно беше вознемирена од уште едно грозоморно убиство во Ѓорче Петров. Човек беше застрелан со еден куршум во глава во близина на касарната. Ова е класична ликвидација.
ВМРО-ДПМНЕ предупреди дека безбедносната ситуација ќе се влошува заради неспособноста на Оливер Спасовски и коалицијата со криминалците на СДСМ. Ова убиство е уште еден доказ за тоа дека криминалот владее на улиците. Неспособниот министер Спасовски МВР го претвори во статистичка институција за нотирање на убиства, грабежи, сомнителни пожари и насилства. Случаите остануваат или неразрешени или убијците никогаш не се пронаоѓаат, рече Ѓорѓиевски.

Тој потсети дека слична ликвидација се случила и на улицата „Рузвелтова“, кога беа убиени две лица.

– Патем еден од убијците на младиот Саздовски сеуште не е достапен на правдата. Полицијата сеуште трага по убиецот на Мартин Јанушев. Убија дете на автобуска постојка во Чаир, го ликвидираа Дилавер Бојку Леку во неговиот локал, беа опожарени десетици автомобили и уште стотина други слични вакви случаи. Уште колку убиства сред град треба да се случат, за Оливер Спасовски да си поднесе оставка. Се додека тој е на врвот на МВР криминалците ќе се чувствуваат охрабрени и заштитени. Црнилата и крвавите викенди се резултат на тоа што Оливер Спасовски е крајно неспособен, и тоа мора да престане. Оливер Спасовски треба да замине за да дојде редот и мирот за нашите граѓани, рече Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот ќе биде насочен кон развојни проекти

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар

Горан Наумовски

Младеновска: Оставка за Клековски, призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар

Петрушевски: Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат и ситуацијата во Гостивар се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите се справуваат со состојбата во Гостивар без одлагање