ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар

Од:

СДС и Венко Филипче со лаги не можат да ја сокријат одговорноста на нивните кадри во Гостивар. Конструкциите, лагите и манипулациите на Венко Филипче и СДС за состојбите во Гостивар не можат да ја сокријат вината и неспособноста на нивните кадри во Гостивар. СДС и Филипче покажаа елементарно непознавање на тоа како функционира системот и кој за што е надлежен, барајќи одговорност на погрешна адреса, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Фактите се јасни. Контролата на квалитетот на водата е во надлежност на локалните институции. Во Гостивар локалната власт ја предводат кадри поддржани од СДС, ДУИ и Арбен Таравари. Градоначалникот Валбон Лимани е нивен избор и нивна политичка одговорност. Наместо да одговорат кој потфрлил таму каде што тие ја имаат локалната власт, СДС секојдневно пласира невистини и ја насочува јавноста кон погрешна адреса.

Додека надлежните институции и службите работат деноноќно за целосно надминување на состојбата со водоснабдувањето во Гостивар, СДС и Венко Филипче продолжуваат со старата пракса, политиканство, манипулации и обид за собирање евтини политички поени врз грбот на граѓаните. Затоа, ако навистина бараат одговорност, нека почнат од сопствените редови. Наместо прес-конференции со обвинувања, нека им објаснат на граѓаните што направиле и зошто дошло до оваа состојба. Институциите остануваат целосно посветени на решавање на проблемот. Веќе е обезбедена технички исправна вода за лична и домашна хигиена, а согласно проценките на надлежните служби, во најбрз можен рок се очекува да биде обезбедена и безбедна вода за пиење во Гостивар, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис 

(ВИДЕО) Стефковски ѝ се закани на советничката од Левица, Маја Никодиновска со ликвидација: „Пази да не завршиш како Оки и Жила“, тврдат од Левица