(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Граѓаните категорично не го поддржуваат Договорот со Грција

Од:

Како во поголемиот дел од Република Македонија така и во Прилеп се чувствува како народот е потиштен. Се чувствува како народот е исплашен и како освен беспарицата и економската немоќ ги тишти уште повеќе проблемот со Договорот со Грција и нивниот став односно мислењето за референдумот. Категорично не го поддржуваат. Можевме денеска од средбите да забележиме дека речиси ниту еден од граѓаните овде во Прилеп не го поддржува тој срамен, капитулантски договор со Република Грција. Сметаме дека евидентно е исходот каков ќе биде по ова што го гледаме од граѓаните овде во Прилеп, не е ништо поразлично од останатите делови од Македонија, рече Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Треба да се фокусираме заеднички така викаат и граѓаните, вака лошо до овој степен во Република Македонија не било никогаш. Треба заеднички да се фокусираме со сите нив, заеднички да го победиме ова зло, ова колективна несреќа којашто се случува во Република Македонија. Колективна несреќа е би рекол Зоран Заев, и за македонскиот народ, но и за државата. Ајде што ни ја урнисаа државата на внатрешен план, ни ја урнисува и на надворешен план. Како никогаш Македонците не биле волку понижени и волку обесчестени како што се сега, рече Ѓорѓеивски.

Тој вели дека во народот стравот и паниката ги воспоставуваат јуришниците на СДСМ.

– Ние видовме пред некој ден како лидерот на владата, Зоран Заев повика за мито во приватниот сектор како да се подмитуваат македонските граѓани се со цел да се натераат на 30 да излезат на референдумот и да го подржат ова што тој го прави, а не е добро за државата. Од друга страна исто видовме и една несреќна изјава би рекол на министерот Оливер Спасовски којшто исто така во една позавиена форма се закани на целиот македонски народ. Дури се закани и до степен што порача да внимаваат што ќе пишуваат и што ќе постираат на своите фејсбук профили. Така што ние слободно ќе им порачаме на македонските граѓани дека не се сами. Ние сме биле заштита на македонскиот народ како ВМРО-ДПМНЕ во минатото, заштита сме сега и заштита ќе останеме. Слободно било каков притисок, за било какво притискање од страна на челниците и јуришниците од социјалдемократскиот сојуз према нив може да се обратат до нас. Ние достоинствено ќе ги заштитиме како што тоа било случај во минатото, рече Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

Николоски: Во следните две недели ќе продолжиме да работиме уште поинтензивно за уште поголема победа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, Македонија повторно ќе биде горда и твоја

Горан Наумовски

Мицкоски: Мислеа дека си имаат работа со мали деца, победуваме со повеќе од 170.000 гласови разлика

Орце Костов

Се слави пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Од 714 обработени избирачки места, 44 отсто од гласовите се за Сиљановска, 19 отсто за Пендаровски, покажува статистиката на ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ: Забележани се случаи на семејно гласање и притисоци во Сарај

Орце Костов