(ВИДЕО) Гевгелија: Бегалците брзаат да стигнат до Унгарија пред 15. септември

Од:

Голем број бегалци ја преминуваат македонската граница во брзање да стигнат до Унгарија, каде веќе ги чека војска со автомати.

Десетици унгарски војници се распоредени долж границата на местото каде бегалците без контрола ја преминуваа границата.

На македонската граница постојано пристигнуваат нови бегалци, кои по задржувањето и идентификувањето во кампот, се упатуваат пеш кон Гевгелија каде се качуваат на возови и автобуси за Србија.

Тоа се совпаѓа со најавата на унгарскиот министер за одбрана кој кажа дека на границата со Србија ќе бидат распоредени 4.300 војници кои ќе и помагаат на полицијата да го спречи приливот на бегалци, пред стапувањето во сила на новиот закон на 15-ти септември.

Со него се предвидува затвор или депортација доколку некој нелегално ја мине границата, но казните важат и за оштетување на поставената гранична ограда.

Во текот на ноќта бегалците веќе направиле неколку дупки на оградата плашејќи се од затворање на границата кај преминот Реска.

begalskibus1

Грција неконтролирано ги пушта бегалците во голем број кон Македонија и Србија, а веќе почна да се поставува прашањето што ќе се случи со илјадници бегалци по 15 септември ако не успеат да ја преминат унгарската граница.

Од почетокот на 2015 година, на територијата на ЕУ пристигнале 500.000 мигранти, а секој ден пристигнуваат неколку илјади нови.

begalskikamp1

Европската унија кажа дека ова е најголемата бегалска криза по Втората Светска војна.

Би можело да ве интересира

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто

Приведен криумчар на мигранти: Бегал од полиција, удрил во канделабра

А1он