ВИДЕО: Фросина Ременски се кандидираше за претседател на СДСМ

Од:

Поранешната пратеничка Фросина Ременски, се кандидираше за претседател на СДСМ. Таа кажа дека Димитар Ковачевски има поддршка во кандидатурата од Владата бидејќи е дел од владиниот кабинет, но смета дека ова ќе биде борба во натпревар на умови. Ременски рече и: „Не гледам дека оваа моја кандидатура нема да резултира со сериозен резултат кој ќе значи и сериозен имапкт во понатамошните партиски одлучувања“.

„Согласно правилникот, роковите и одлуките на Централниот одбор на СДСМ и Изборната комисија, ги предадов сите документи за самокандирирање за претседател на СДСМ. Очекувам во следниот период согласно роковникот, да се утврдат кандидатите, со што би почнале активностите за претставување на кандидатите пред членовите и симпатизерите. Се одлучив на ова со оглед на мојот активизам, во денови и време кога СДСМ беше во тешка опозициска состојба, кога носеше сериозни државотворни одлуки и кога се трудевме да го одржиме и единството во партијата“, кажа Ременски.

Таа кажа, дека ќе понуди програма во која СДСМ ќе е победник во сите процеси.

„Кандидатурата ја предавам за време на 16 дена активизам, женски активизам и борбата против говорот на омраза и нетолеранцијата. Сакам да покажам дека жените можат и знаат, да ги охрабрам сите жени, да не се откажуваат од својот напор, сон, својата слобода, права и да се борат независно од тоа на какви препреки наидуваат во животот и кариерата. Ја очекувам поддршката од социјалдемократките, моите колешки во партијата и сите членови кои го знаат мојот карактер и конзистентност во ставовите и даден придонес во соработката. Очекувам СДСМ да го искористи за висинско обединување на членството, намалување на разликите помеѓу структурите во СДСМ. Мојата визија за СДСМ е победник во сите процеси пред кои е исправен, само така може да се постигне максимум“, рече Ременски.

Би можело да ве интересира

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема