(ВИДЕО) Фрчкоски за ХРТ: Црвенковски е опсесија на Груевски

Од:

Професорот Љубомир Данаилов Фрчкоски даде интервју за емисијата „Хоризонти“ која вчеравечер се емитуваше на хрватската телевизија (ХТВ1).

Фрчкоски во интервјуто го кажува својот став за актуелните политички настани и ситуација во Македонија.

Посочува дека тепањето на пратеницте на опозицијата од страна на извршната власт е искуство кое го нема поминато ниту една транзициска земја . Според него влегувањето на полицијата и извршната власт и насилното вадење на цела пратеничка група надвор е срам за Македонија.

Македонија вели, е жртва на етнонационалистички режим кој својата политичка храна ја добива од создавање непријатели.

„Основни линии на мобилизација на Груевски се дека грците ни се непријатели, од бугарите направи непријатели, албанците се перманенетен непријател со кој треба да бидеме на штрек, странците нè мразат.Тоа е тој вокабулар на Милошевиќ, но во провинциска форма“, изјави Фрчкоски.

Груевски, вели, ја лаже меѓународната заедница на начин на кој Милошевиќ го правеше тоа во однос на состојбите во Босна.

Фрчковски говори и за излегувањето на опозицијата и протестите.

„Црвенковски вели е опсесија на Груевски, а не е проблем на опозицијата“, вели Фрчкоски.

Во емисијата говорат и граѓаните и пратеникот и поранешен министер за надворешни работи Антонио Милошоски, кој посочува дека опозицијата и нејзиниот лидер немаат демократски капацитет.

Еве дел од емисијата, кое го постави Либертас.

Би можело да ве интересира

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ