Со зарипнат глас, држејќи фотографии во рацете од изборната прослава на ВМРО –ДПМНЕ, Александар Нешковски објаснуваше како од минута во минута се случило убиството на неговиот брат Мартин. Како што вели Александар, тие се направени само неколку минути пред убиството на Мартин Нешковски.
На фотографиите, полициските службеници биле распоредени околу бината на изборната прославата на ВМРО- ДПМНЕ пред убиството на Мартин.
Според Александар, на нив јасно се гледа дека Спасов бил дел од обезбедувањето на Груевски за време на прославата, иако тој тврдел дека во тој момент не бил работно ангажиран.
– Полициските службеници беа распоредени да го обедбедуваат Груевски, сигурно не дојдоа да му ракоплескаат. Забележано е присуството на Игор Спасов и командирот.
– Во моментот кога Спасов тргнува по Мартин, командирот сето тоа го гледа. Тука акцијата започнува. Подоцна командиот го известуваат дека има проблем и луѓето се свртени назад. Веќе во 12: 17 минути, на само две минути пред убиството на брат ми, тие не се пристутни пред бината – објаснува Александар.
Тој порача дека институциите пробале да не замолчат, но правдата мора да излезе на виделина во името на сите граѓани.
– Голготата од смртта на Мартин не му ја посакувам ниту на најголемиот душман– изјави Нешковски.
Петар Клинчарски