(ВИДЕО) Фондот за здравство отфрла одговорност, родителите можеле да тужат

Од:

Фондот за здравствено осигурување ја отфрли одговрноста за смртта на Тамара од Велес-девојчето со искривување на `рбетот кое почина утринава.

Тамара не дочека да биде оперирана, иако министерот за здравство Никола Тодоров пред речиси три месеци вети дека девојчето ќе биде оперирано и ќе биде спасено од траен инвалидитет.

Советникот во ФЗО Бранко Аџигогов изрази жалење за смртта на Тамара но отфрли одговорност за случајот посочувајќи им на новинарите одговори за смртта на Тамара да бараат на друга адреса.

Не сакаше да каже чиј е пропустот што Тамара од Велес не се оперираше. Објасни дека во перидов кој изминал болеста прогресирала.

Аџигогов соочен со огромен број прашања во еден момент рече дека не сака да одговара но по силно инсистирање на дел од новинарите остана да ги слушне прашањата.

Аџигогов посочи дека родителите на Тамара треба да иницираат постапка за утврдување одговорност.

Последен пат Фондот остварил средба со родителите на Тамара пред десет дена.

„Ниту фондот па ниту вие новинарите, туку родителите можат да покренат постапка и да повлечат иницијатива. Јас излегов на пресконференција бидејќи некои од вас новинарите кажаа фондот е директен причинител за смртта на малата Т.Д. Јас можам да ви гарантирам дека не е“

Новинар: А кој е?

Аџигогов: Тоа треба да се утврди господине.

Пресконференцијата на ФЗО остави еден куп неодговорени прашања. Аџигогов изрази сочуство до семејството од Велес.

По силниот медиумски притисок и одбивањето на Тамара да се лекува надвор од земјава, Тодоров на 21.11.2014-та пред камерите вети дека семејството ќе ги добие потребните средства.

Засега останува да лебди дилемата кој ќе понесе одговорност за смртта на Тамара со оглед на тоа што Фондот за здравство се огради од каква било одговорност.

Би можело да ве интересира

Андоновски: Неделава ќе ја почнеме иницијативата за законските измени на ФЗОР случајот со Леонид не е единствен

Случајот со Леонид ги откри сите слабости на Фондот: Се кратат пари за лекување и за операции на срце во приватните клиники

A1on

Се прекинува штрајкот во ФЗОМ – платите исти до мај

Да не се лаже дека Фондот за здравство нема пари, тоа е институција со најголем буџет порачуваат синдикалците

Катерина Ѓуровски

Меџити: ФЗОМ побара 2,9 милијарди денари за нови лекови на позитивна листа за следната година

За Ковачевски, директорката на ФЗО била добар избор затоа што решила хакерски напад за само 14 дена

A1on