(ВИДЕО) Филиповски: По долги години реконструкција на патот кај населеното место Аџево во Драчево

Од:

„Локалната власт во општина Кисела Вода предводена од СДСМ и градоначалникот Филип Темелковски продолжува да работи во насока на подобрување на инфраструктурата.

Во моментов се наоѓаме во Драчево каде во должина од 550 метри и ширина од 4,5 метри, се одвиваат градежни работи за реконструкција на патот во населеното место Аџево.

На овој пат, исто така предвидено е да бидат поставени и стабилизирачки банкини“, рече Дарко Филиповски, советник во Советот на општина Кисела Вода.

„Оваа реконструкција е дел од првата фаза, по која според предвиденото, ќе следуваат уште фази, се до целосното асфалтирање на овој пат, а реконструкцијата на улицата се прави во соработка со Скопски плански регион.

И во време на пандемија континуирано работиме во реализација на капитални инвестиции во нашата општина.

Градиме по план, постојано докажуваме дека можеме и повеќе и подобро за подобар живот на сите“, изјави Дарко Филиповски, советник во Советот на општина Кисела Вода.

Би можело да ве интересира

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус