(ВИДЕО) Фекалии од канализација директно во Охридското Езеро

Од:

Фекалии од канализацијата во центарот на Охрид денеска директно се испуштаа во водите на Охридското Езеро. Работници на Јавното претпријатие „Нискоградба“ од Охрид, во срцето на градот, пред очите на граѓаните денеска наместо во цистерна фекалиите ги испуштаа во езерото.

Граѓаните бурно реагираа на ваквиот начин и побараа одговорност од раководните лица задолжени за овие активности на претпријатието. И доколку има некаков проблем со канализацијата тој треба да биде решен на поинаков начин, но најмалку канализациите преку пумпи треба да бидат насочени кон Охридското Езеро.

Ваквите постапки на јавните претпријатија претставуваат закана за богатата флора и фауна во езерото. Чистотата и високиот квалитет на водата во Охридското Езеро лесно може да биде изменета поради човековата негрижа.

fekalii-ohrid2

fekalii-ohrid1

Ф.Ј.

Би можело да ве интересира

Рочиштето за тепањето на Пендиков одложено поради штрајкот на судската администрација

А1он

Истече рокот, општината ќе ја урива дивоградбата кај Чинарот

Кристијан Ландов

Општина Охрид ги намали долговите за 15 милиони евра, 8 покрива Владата

Мери Јордановска

Запленети 68 мрежи во акција против рибокрадци на Охридското езеро

Наум Локоски

Серија земјотреси во охридско-преспанскиот регион

Наум Локоски

Прекршочни пријави за 24 лица од вчерашниот инцидент во Охрид

Емир Латифовиќ