Обвинителката Фатиме Фетаи по два часа замина од судот каде трае распитот на поранешната министерка Гордана Јанкуловска. Таа во придружба на двајца вработени, го напушти судот од задната страна, а истовремено од судот замина и адвокатот Никола Додовски.
Јанкулоска откако се врати од патот во странство, се пријави во судот како првоосомничена во првиот предмет на Специјалното јавно обвинителство, „Титаник“.
Распитот се уште трае, а со оглед на досегашните одлуки на Кривичниот суд се очекува одлука со која нема да се прифати притворот ниту за Јанкулоска. Специјалното јавно обвинителство веќе поднесе жалби за ваквата одлука за првите четворица на кои судот не го прифати барањето за притвор.