А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВИДЕО: Фатена група што пренесувала мигранти преку Македонија за 700 евра по човек

by А1он06/10/2020 - 16:1906/10/2020 - 19:351190
Share0

Полицијата приведе четворица криумчари на мигранти, кои од Грција, преку нашата земја ги пренесувале до Србија за цена од 500 до 700 евра по лице. Главни организатори се двајца браќа од Богданци заедно со соработници од Грција.

Следете a1on на Instagram Instagram

Како што информираше денеска портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, одделот за организиран криминал во организација со други единици од МВР, спровеле акција за сузбивање на шестчлена криминална група која се занимавала со криумчарење на мигранти.

Како што информираше денеска Ангеловски, одделот за организиран криминал во организација со други единици од МВР, спровеле акција за сузбивање на шестчлена криминална група која се занимавала со криумчарење на мигранти.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Со помош на лицата од Грција, мигрантите биле пренесувано на територија на Репубика Северна Македонија, во близина на Струмица Гевгелија и Дојран каде што биле пречекувани од членови на криминалната група и со моторнин возила биле пренесувани до Кумановско-Липковскиот регион. Таму ги чекало лице кое било задолжено за нивно сместување како и за понатамошен трансфер до Република Србија и до земјите од Европската Унија, соопшти Ангеловски.

Тој информираше дека главно се пренесувани лица од Авганистан, Пакистан и Ирак, како и од други земји од Блискиот исток. Цената за пренесување преку нашата држава била од 500 до 700 евра по човек.

Полицијата извршила претрес на повеќе локации, при што биле запленети патничко возило и мобилни телефони, потврди за извршени уплати преку агенти за брз трансфер на пари, пиштол и муниција.

crna hronikamigranti

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он20/09/2026 - 13:29

(ВИДЕО) Шпанската полиција со гумени куршуми и пендреци ги отстранува мигрантите од плажите во Сеута

Предраг Петровиќ18/09/2026 - 15:1218/09/2026 - 15:13

ЕУ подготвува построги правила за азил и побрза депортација на мигранти по кризата во Сеута

Катерина Ѓуровски15/09/2026 - 08:39

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“

Горан Наумовски06/09/2026 - 16:27

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Предраг Петровиќ02/09/2026 - 17:30

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод

Горан Наумовски24/08/2026 - 22:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео